Никому не му е грижа за тоа како е создадена полумесечината што никнала од вратот на човекот, туку што се има случено со вистинската глава на човекот кој прифатил да си игра дојденец од месечината?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Работа. Какаја работа! Со билет купен за половина динар ќе влезеш внатре во колата и дури таму ќе откриеш дека луѓето не ги итересира изгледот на човекот паднат од месецот туку начинот на кој е создадена таа скривалка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ја градеа заедно и заедно остануваа во неа сите изминати лета; ја знаеја како дише секоја педа од нејзините простории и ги имаа во рацете сите допири на сите греди, од кои што беше создадена таа, а тоа можеше да трае сѐ до есеноска, кога ја напуштаа, сигурни дека напролет пак ќе ѝ се вратат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)