современ (прид.) - музика (имн.)

Младите пак не сметаат за застарени, нѐ критикуваат дека сме старомодни, лошо се облекуваме, не се разбираме од современа музика, штедиме без потреба, им ги сечеме желбите на нашите деца, со еден збор - не знаеме да живееме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во Њујорк се фузионираа Лигата на композиторите и Меѓународното здружение за современа музика, а новата организација претставува израз на престојниот интерес да се пополнат аквизициите на Шенберг и Сати.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ремек-делата и генијалците одат заедно и со тоа што одиме од едниот кон другиот го правиме животот посигурен отколку што тој навистина е, и може да ни се случи никогаш да не ја запознаеме опасноста од современата музика или дури и да бидеме во состојба да испиеме чаша вода.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми се чини дека тоа е работа на непрекинато говорење, што не е ниту значајно ниту безначајно, ниту добро ниту лошо, туку токму начин на кој сега живеам, т.е. држење говор во Илиноис, што нѐ враќа пак кон современата музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Секој од нас мисли сопствени мисли, има сопствено искуство, а секое искуство се менува и додека мислиме, јас говорам, а современата музика се менува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сега сме многу оддалечени од современата музика (само мислиме на неа).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За било кој од нас современата музика е или може да биде начин на живеење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но кај современата музика нема време за класичност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Многу често никој не знае дека современата музика е уметност или дека тоа може да биде.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кај современата музика, кога таа навистина е современа, немаме време за тоа одвојување (кога нѐ чува од животот), и така современата музика не е толку уметничка колку што е животот и оној што ја создава штом ќе заврши еден дел почнува да создава друг токму како што луѓето постојано перат садови, заби, одат на спиење итн.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како воопшто можеме да кажеме што е современа музика, кога не ја слушаме сега, туку слушаме предавање за неа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да постои дел од животот доволно мрачен за да ја држи надвор од себе светлоста на уметноста, би сакал да бидам во тој мрак, пипкајќи наоколу ако е потребно, но жив, и мислам дека токму современата музика би била тука , во мракот, судирајќи се со нештата, превртувајќи ги и воопшто допринесувајќи неред кој го карактеризира животот (ако е спротивставен на уметноста), а не допринесувајќи стабилизирана вистина за убавината и моќта кои го карактеризираат ремек-делото (ако е спротивставено на животот).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не постои часопис кој се занимава со современа музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)