современ (прид.) - литература (имн.)

Нека читателот, сепак, не се залажува од ведрината која се добива од читањето на ова дело: ако алегоријата, претставена од еден од најоригиналните и најзначајни писатели на современата литература во Македонија, мошне богата но често непозната на Запад, претставува според повеќе обележја силна лекција на надеж, ова дело сепак не постои само како трагичен сказ, како рефлексија преточена низ мали импресионистички допири како на клавијатура, но опстанува со својата голема длабочина наспроти опасната суета на идеологиите кои сакаат да направат еден нов човек, низ спасувачко посредство помеѓу непостојаноста на феномените, генерално, и, посебно на посебната нестабилност која владее на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стилот што се провлекува во делата на американската современа литература на писателите како што се: Даглас Коупленд, Брет Истон Елис и Николсон Бејкер, веднаш е препознаен како Ворхолов: она што е карактеристично за него е мешавината на домашната атмосфера и наместените наивни изјави.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бартелми, значи, упатува повеќекратен предизвик кон читателот и критичарот, и кој е многу повеќе од проста провокација, придвижувајќи, како што се обидовме да покажеме, некои суштински прашања за современата литература.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ирвинг Хоу (Howe) и Хари Лавин констатираа 1959, односно 1960 г. во своите статии Mass-society and post- modern fiction, односно What was Modernism? дека современата литература, за разлика од големата литература на Модерната - литературата на Јејтс, Елиот, Паунд и Џојс - е окарактеризирана со слабеењето, односно опаѓањето на иноваторската потенција и продорност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Истиот случај е и со делото Филозофијата на Енди Ворхол (Од А до Б и назад) (1975) напишано од Боб Коласело, каде Ворхол, кој е најмалку интимен, развива духовит, смирен, конверзациски тон што го дефинира како “писател” во најкла­ сична смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во текот на четири години, од 1928-та до 1931-та, главно ноќе, го пишува романот кој изврши огромно влијание врз современата литература: Патување на крајот на ноќта (1932).
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
“Б ми даде детална слика за шоуто на Барбара Волтерс.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)