советски (прид.) - сојуз (имн.)

А од 1 до 23 јуни, истата година, во Москва престојува званична делегација на Владата на ФНРЈ и е потпишана декларација за односите меѓу Сојузот на комунистите на Југославија и Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Армијата беше составена од различните војски на земјите учеснички, и војуваше во трети земји, макар што првичната цел беше одбрана на Западна Европа од евентуална инвазија од страна на Советскиот Сојуз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие по распаѓањето на Советскиот Сојуз, со големи пари (од каде им се само тие знаат) дојдоа во Костур и околината, изградија хали, на крстопатите поставија билборди со натпис “ШУБЫ” и така костурските познати и прочуени крзнари станаа наемни работници кај Русите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Конечно, ова истражување со своите резултати отвора низа прашања што ги надминуваат рамките и укажуваат на понатамошните врски: Дали националсоцијалистичката уметничка политика претставува узор за процесите на тоталитарна уметничка политика (напоредно истражување: Улогата на футуризмот во Италија на Mussolini и во Советскиот Сојуз до 1932)?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
— Должен сум, вели, да ви ја соопштам тажната вест дека почина генералниот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, таткото на народот и нашиот голем учител и водач, генералисимус Јосиф Висарионович Сталин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во бившиот Советски Сојуз, богатиот дел на општеството се иселува и малку по малку себеси си создава нов идентитет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Советскиот Сојуз, Југославија и Либан, од друга страна, се земји без национална кохеренција и исто така се непостојани.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Албанија прогласи 14-дневна жалост, повеќе од самиот Советски Сојуз.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)