А под тој прекрасен покрив, на кого сонцето слетуваше со своите волшебни шари, стоеше една сива длабочина, испреплеткана и затната од стеблата, со некакво модрикаво, крвјосано застрашување на понорна сенка, по која ретко можеа да се изнајдат и понекоја сина заискрена ѕвездичка на снежните кристали. Замина натаму, без двоумење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не згрешивме, ќе трае засекогаш, во најинтимните и најскриените делови на нашите срца, чувана од секаква нечистотија што ја носи овој проклет живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не сакам да заборавам, целиот живот ќе се сеќавам на една бела зимска ноќ, на хармонијата и виртуозната слобода на снежните кристали, кога се заколнавме на вечна љубов која ќе трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)