Ја најде тука, пред себе, речиси исто онака блиска, како што му беше и онаа куќичка на крајот од селото, но оваа тука сега имаше некаква чудна предност со тоа како изгледаше во овој снежен ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Чардаци, порти, тремови, дворови оградени со цвеќиња, избелени и убаво шарени ѕидишта - тоа е необичната панорама на Трново, кое е најубаво во мај, кога цветаат трендафилите и кога сета вегетација буи, но кое е занимливо и во овој април, проследен со каприците на честите снежни дни.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, не можеше никако да се бркне во главата за да се дофати од таму и да се отстрани тоа, што го остави оној одамнешен снежен ден на гробиштата. Вистина. ...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)