Родителите имаа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа низ верски дејства, повеќе во нив беше насобрана некаква нужност за верување во единствената семоќна сила, по толкуте неприродни умирања во семејството, ненадејни и неизвесни преселби, постојано страдање, нови напори за прилагодување во туѓата средина...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во вториот пасус од текстот вие пишувате:
Родителите носеа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа... (...Mes parents nourrissaient une forme de devotion discrete et sereine qui ne transparaissait jamais dans leurs actes)
Но јас не можам да се ослободам од чувството на неудобност, кога се соочувам со преводот на зборот од текстот дејство со acte, што според мое мислење се работи за несоодветно толкување и покрај тоа што не мора да се знае македонскиот или албанскиот јазик за да се утврди тоа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)