Посакувам да можевте да го видите: тој беше малечок и жилав, тром повеќе отколку што би ви дозволила фантазијата да замислите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Да го залажеш читателот со навидум смешна приказна, по која на лицето му останува заледена насмевка, а во душата горчина, додека во свеста му изрипува прашањето: На што, всушност, јас се смеев?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тој ми кажа до солзи смешна приказна, тој, Глупавиот Август од еден пропаднат циркус, и јас сфатив дека сите кловнови на светот се тажни.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Семовиот репертоар се состоеше од педесет и пет смешни приказни и околу триесетина или четириесетина песни. Но, по никоја цена не запираше тука.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)