— Море, шо ќе бидат виа уќумати, мајката? — си велеа селаните, гледајќи разни знакови на капите на службените лица.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во Центарот можеа да влезат само службени лица и лица со посебна дозвола, соработници на службите.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Движењата во тој миг ѝ беа мешавина на местена сензуалност, која се граничи со вулгарност, карактеристична за повеќето ’комерцијални сексуални работнички’ и формализираните потези на службените лица, отсечни и строги, онакви какви што и би морале да бидат за да влеат авторитет, и да отстранат секаква можност за избор.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Три службени лица загинале до Банката, еден во поштата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Овде зборот го испуштаме намерно бидејќи сметаме дека службеното лице го загубило, сигурно, чувството за мерка...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Околу масата стоеја наредени столчиња, на средето од собата се наоѓаше црниот стол на кој седеа обвинетите, а крај ѕидиштата миндери за мезличарите и други пријатели или службени лица.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
„Земени се во предвид и таквите случаи“, побрза да му излезе во пресрет службеното лице.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А потоа помисли дека и службеното лице веројатно побрзало да се засолни бидејќи слушна како влезната врата се затвора.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И на службеното лице му се обрати на сличен начин како и на вратарот,(случајно да не подранил?) но сепак, успеа да додаде и нешто како: времето е умот на животот а ние, за несреќа, често заскитуваме.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но службеното лице што му приоѓаше беше многу поуочливо.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И службеното лице задолжено за самиот влез беше излезено и сега следеше како нивниот раководител и Филип Д., граѓанинот со белата покана, бавно се оддалечуваат од последната саемска зграда кон високото снежно брдо што јасно се одделуваше од мракот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
По исклучок, во случаи предвидени со овој закон или со прописи донесени врз основа на закон, решението може да се донесе и усно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Писменото решение содржи: увод, диспозитив [изрека], образложение, упатство за правно средство, назив на органот, со број и датум, потпис на службеното лице и печат на органот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)