Мејл-артот можеби е лесен, весел и ироничен обид да се пречекорат некои           идеолошко-културни бездни, иако и внатре неа (“поштенската уметност”) постои тој           парадокс: од една страна делува супер-демократично, во парампарче разбивајќи ги           концептите за кули од слоновски коски, а од друга, можно е токму во рамките на           некаква мејл-арт мрежа да се зачнат никулците на споменатите „Нови езотеричари”           кои ќе се обидат и да сокријат, задржат за себе одредени информации.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 15-16“
              
              (1995)