Во таа смисла, светот на Ботеро е свет на сликичката, на “лубок” и во исто време, тој е толку сложен во својата конструкција; тоа е народен свет затоа што во таа “служба” за која веќе говоревме, народот не го познава лажниот срам, тој отворено говори за сѐ, за своите наклоности, своите желби, своите форми; него не го вежбаат во непотребните чувства, затоа што тоа ќе значеше да се посомневаш во среќата да бидеш она што си.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)