сложен (прид.) - сплет (имн.)

Токму сиот тој културен систем на родот, на моќта и на жанрот, политиката на емоцијата што тој ја создава и ја одржува, како и разликите во положбата, класата и статусот што се втемелени врз него се она што се обидов да го опишам во претходното поглавје. ‌Машката геј-култура, обележана со преземањето на женските мелодрами како Милдред Пирс, може да се сфати како инстинктивен одговор на тој систем и како стратегија за отпор кон вредностите што ги крепи.312 Тоа е значењето на мелодрамата како геј-стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А потоа се труди да ја сврти таа положба во своја корист. ‌Зашто геј-мажите, како прво, горе-долу нема што многу да се плашат од дисквалификациите што ѝ се лепат на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите, најпосле, се исклучени од високата сериозност на трагедијата.311 За нас нема место во нејзиниот егзистенцијален јад – иако мораме да се носиме со штетноста на културната надмоќ на жанрот, што значи дека неизбежно мораме да создаваме (дисидентски) однос кон неговата прагматика, вклучително и кон општествените и емоционалните конвенции, вредносните хиерархии и структурите на чувствување што трагичниот жанр ги мобилизира и ги зајакнува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машката геј-култура се решава – добро, баш и нема некој избор, но вади најмногу што може од една лоша ситуација – да си ги смести приврзаниците во општествена и емоционална положба што еден сложен сплет од испреплетени културни кодови и естетски практики ја означил како место на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)