И државниот секретар на САД, Кордел Хал, во писмото од 13 јануари 1942 година, во однос на обединувањето на Американците од словенско потекло, ја истакнал "полната поткрепа на нашите воени напори од страна на американските граѓани од словенско потекло кои претставуваат важен фактор во нашите производни програми во оваа тешка ситуација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Иницијативата била поздравена и од претседателот на САД, Ф.Д.Рузвелт, кој во писмото упатено до секретарот на Словенскиот комитет, Георги Пирински, го изразил своето задоволство од високиот патриотизам на детроитските Словени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
По одржаниот Конгрес, во наредните месеци, словенските ор-ганизации и друштва развиле жива активност низ цела Америка, со цел да ги доближат сите Американци од словенско потекло кон Американскиот словенски комитет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таквата активност била будно следена и од средствата за јавно информирање, кои на своите страници ѝ посветувале големо внимание на оваа активност на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)