Од тие причини, според Британците, на таа идеја "не ѝ беше дозволено да влезе во областа на практичната политика", но сметале дека во новонастанатите услови може лесно да прерасне во политичка реалност и да ги загрози британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британскиот страв произлегувал пред сè од опасноста што обединувањето на Југославија и Бугарија би претставувало дополнителен притисок врз Грција за нејзино отстапување пред општите словенски интереси или за задоволување на "природните интереси на автономна Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Востанието ни покажа оти ние Македонците не можеме да очекуваме помош од никоја од балканските државички, оти решението на нашето прашање е сето во рацете на големите сили и затоа нам и не ни треба да ги соединуваме и да ги замешуваме нашите интереси со чии и да се словенски интереси на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)