слободен (прид.) - уметник (имн.)

Еден пријател, решението да заминам од главниот град, за да бидам таканаречен слободен уметник и градител, со добри намери и со полно срце, да им помогнам на луѓето во Маказар, местото каде што дојдов, каде што веќе сум, за работи што им требаат, а тие не можат да ги сторат, ја нарече судбоносна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оттогаш се откажа од барањето државна работа и ги засука ракавите како слободен уметник - сам во шупата што му ја отстапи стопанот без надоместок како ателје не можеше никому да му пречи со својот темперамент.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најкарактеристичен пример за овој вид се новелите Убиство во улицата Морг и Црна мачка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во исто време, Гого се исправи пред проблемот да најде работа - од нешто требаше да се живее; да беше останат сам самјак, ќе се обидеше да преживее како слободен уметник; а вака, со семејство, со жена и дете на пат, не се решаваше на ризикот да зависи само од продажбата на своите слики - тој неафирмиран сликар, неговите слики непознати на јавноста, поимот продажба како мислена именка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
РЕВШИН: Евгенија Васиљевна со сопругот, а исто така слободниот уметник Куприков.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Живее главно како слободен уметник, од своето пишување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)