И запамти! - таа пак го фати за брада, го растресе, стрвнички му се загледа во малите гурелави свински очи, му се закани со прстот од слободната рака, мавтајќи му пред нос: - Да запамтиш еднаш за секогаш!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Говорникот, стискајќи го и понатаму вратот на микрофонот, со подвиткани раменици и гребејќи со слободната рака по воздухот, продолжуваше со својот говор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, цртежите со слободна рака не можат да се претстават во невролингвистички облик.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
ГАВРИЛ: (Потпрен е на рамо на Михајло. Широко гестикулира со слободната рака) Мислев јас ќе бидам тој!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Мраморните лакови на ноздрите ѝ потреперувале како на младо животно во сетилно претскажуваше на слатки можности што ги шепнува развигорот на будењето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Слободната рака предизвикувачки ја потпрела на колк. Но Доце Срменков сепак претставувал загатка и за другите и за неа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еј, не се бакнавме! се сети и подзапре дури кај првиот свиок на скалите, ја крена слободната рака во знак на поздрав, испрати еден воздушен бакнеж и исчезна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не забележав дали погледна угоре!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Стимулативните работи како алкохолот, хероинот, или кокаинот му оставаат на Купидон слободни раце.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Патем, со слободната рака нешто ѝ разјаснуваше, додека таа, така барем се чинеше, го молеше да го олабави стисокот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)