слободен (прид.) - пазар (имн.)

Сакаа некаков „слободен пазар“, на којшто вредноста на стока­та би се создавала кибернетички, преку понудата и побарувачката.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сакале „слободен пазар“ на којшто вредноста на робата би се создавала кибернетички, низ понуда и побарувачка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во ваквата ситуација, во оваа шема на слободниот пазар, никој ни за момент не може да мисли на човековата околина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се знаеше дека членовите на Партијата не треба да влегуваат во обични продавници „ што работат на слободниот пазар“, како што се велеше ), но правилото не беше строго почитувано, затоа што до различни работи, како што се врвките за чевли, или жилетите, не можеше никако поинаку да се дојде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие услови секако го вклучуваат, иако не исклучиво, и слободниот пазар на труд и стока, вести и добра.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тито ги батали задругите, почна да се зборува за економски реформи, за слободен пазар, се пушти приватниот сектор да подприкрене глава, дојдоа нови луѓе, помлади, кои беа исто толку ако не и полоши комунисти, ама беа донесени на власт да не можат некако тие да го прочистат заднатиот социјалистичкиот оџак за подобро да трга.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)