Покрај една малку подалечна маса имаше едно слободно место, но нешто во изгледот на човечето навестуваше дека тоа ќе внимава доволно на својата удобност и дека ќе ја одбере масата со најмногу слободни места.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога прашавме дали има некој друг лет каде што има повеќе слободни места, ни рекоа дека за еден час има лет кој оди за Солт лејк сити, а потоа за Сиетл, но има само едно место.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Што значеше дека требаше да чекаме дури и на последниот патник, па ако имаше слободни места можевме да патуваме со тој авион.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Како што е претпоставувачки и дека: - пријателот - црнец на гл. јунак е или судија, или шеф на полиција или партнер - детектив и често погоден од злосторничкиот куршум (се разбира, незаслужено) умира во прегратката на својот другар; - кога јунакот (со неговиот пријател - црнец) го паркира својот автомобил каде било, на пр. во преполнетиот Њујорк, секогаш има слободно место;
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Херкул станува Херк, а Мегара – Мег.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Така, како што се нашле излегуваат, се полнат патеките, слободните места меѓу бараките. Подетинета работа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Летувалиштето до скоро беше од затворен тип, а сега отворено за сите граѓани, макар што во него тешко се наоѓаа слободни места без врски од некој посебен или стар вид.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога излекуваните ранети од првиот транспорт почнаа да ја напуштаат болницата и имаше неколку слободни места, дојде група од 30 пилоти.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Имаше слободни места само во првиот ред.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ни беа покажани неколку слободни места во различни делови на малите гробишта.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Марија се двоумеше сѐ додека не го виде последното место, под едно прекрасно зрело дрво на тиса, која на француски се нарекува иф, и тоа само неколку метри од мошне скромниот гроб за кој се покажа дека е гроб на Жан Калвин.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дрвото, кое потсетуваше на славната песна на Киплинг (Борхес беше верен обожавател на Киплинг), близината на сенката на Калвин, и благиот мир на тоа катче ја донесоа одлуката наместо Марија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Два дена подоцна Борхес беше погребан на тоа место, кадешто сега почива.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)