Во однос на политичките цели се нагласувало дека „Титовата цел е слободна Македонија, федерална единица во рамките на Југославија со слобода на зборувањето и слободни избори, со македонски болници и школи и така сѐ за Македонците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Но, човекот има апсолутен, тотален, неограничено слободен избор, дали да и се покори на судбината и да верува во фатумот или сам да си ја гради егзистенцијалната патека на достоинствено и пристојно живеење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но само со ментално здрава емоција сме способни за слободен избор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но никогаш не смееме да се плашиме од погрешни избори, тоа е како правење затвор за друг, а самите влегуваме во него, ако не изгубиме ништо, ништо нема ни да добиеме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Според планот, наградената и една по слободен избор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Отсега противниците зборуваат со ист јазик: и кај едните и кај другите етничкото поимање на нацијата ја победува теоријата за слободен избор.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Секој има право слободно да го изрази своето мислење, да избира и да биде избран на слободни избори.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во образложението на Одлуката стои дека со оспореното законско решение според кое статус на невработено лице има само лицето на кое работниот однос не му престанал по негова волја, а не и на лицето на кое работниот однос му престанал по негова волја, се доведува во прашање правото на работа и слободен избор на вработување утврдено во чл. 32 од Уставот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
На пример, според текстот на амандманот, не постои можност за поднесување уставна тужба за заштита на правото на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност (чл. 32), правото на социјална сигурност и социјално осигурување (чл. 34), правото на синдикално организирање (чл. 37) или правото на штрајк (чл. 38), кои универзално се признаени за „основни“ права, посебно согледано преку досегашната јуриспруденција на Европскиот суд за човекови права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Она што го сметаш за свој слободен избор е само слепо сфаќање на она што други ти го нудат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Им дадоа да цртаат некаква мртва природа, составена од загризено јаболко, компир во глуждови и крушковидна тиква, па една човечка глава од бела глина и уште нешто по слободен избор.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Како на пример будилникот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури не спаѓаат и во нашиот слободен избор.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Имајќи го како пример Џојсовиот пример од “Finegans wake” и желбата на некој начин да го премине, тој повикува на “демилитаризација на јазикот”, т.е. на разградување на цврстите синтаксички структури со кои се оковани модерните европски вернакулари, на составни делови: реченици, фрази, зборови, слогови, гласови, за потоа тој новодобиен материјал да се организира со помош на “објективни” операции кај кои е исклучен слободниот избор и влијанието на вкусот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Со воспоставувањето на тишината (како чисто отсуство, непостоење) се создава едно ново мерило на доживување на стварноста поради непостоењето на субјективни интервенции ( преференцијални системи, слободни избори).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
На пример, аранжманот на текстот “Empty words” со знаците на интерпункција и со Торовите цртежи не само што подразбира субјективно гледање и слободен избор и размена на елементите, туку паѓа во очи и со својата произволност и насилството кое го врши врз јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Скопје I – Скопје е: IV П.бр. 1352/00. 2. Работниците имаат право – по свој слободен избор – да основаат синдикат и во него да се зачленуваат, под условите пропишани со статутот или правилата на тој синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Мотото на Вујовиќ – која досега има учествувано и во неколку работнички штрајкови и други облици на протест – е дека работникот мора да се бори за своите права, бидејќи таквите работници – колку тоа да звучи парадоксално – и самиот работодавач повеќе ги цени. 1. Интервјуто го водеше Ива Михајловска, на 29.I.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)