Толе, бегајќи од црното Кате, фрли мерак во руса бела жена и токму ја најде руса Митра во Полчишта, та така си создаде пријатен и слободен животец кај неа и скоро си се пресели во Полчишта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но жедта за слободен живот во него била поголема од сите други желби, слободата уште од најраните години била втисната во неговото срце.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ние помисливме дека тоа недоносче штом ќе порасне, ќе окрепне и ќе ни подаде рака и ние со него да заживееме слободен живот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Навистина вие слободен живот живеете, зар не? – му се испушти на еден од полјаните. – Ќе им даде господ и ним бегови, нека не се плашат – потфрли трет од групата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И така Бугарите во новиот слободен живот се јавија како народ без традиции, народни идеали, свест за народните и државните интереси и историско наследство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)