слободен (прид.) - волја (имн.)

Кога конечно ќе ни се предадеш, тоа мора да биде по твоја слободна волја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите ние имаме избори и слободна волја, конзумирањето слобода е како дишењето и имаме моќ и восхит за интензивна уникатност, имагинација и креативност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, ако тоа беше твојот избор, ако мојот свет и моите соништа не ти беа доволни или можеби тесни, тогаш имаш слободна волја да побараш нов, поубав.“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дискусија
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оваа анализа на моќта на многумина ќе им биде тешка за прифаќање, поради сугестијата дека многу од аспектите на нашите индивидуални начини на однесување за кои тврдиме дека се израз на нашата слободна волја, или за кои тврдиме дека се против наметнатите начини на однесување, не се она што на прв поглед се чини.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пред триесет години нејзините очи не се наполнија со солзи кога тој потврди дека ја зема за жена по своја слободна волја и дека се обврзува пред Бога да ја љуби за навек.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А во што веруваше тој? Дали овој негов уморен чекор низ снежната шума е негова судбина или негова слободна волја?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега, на венчавката на девојката во бело застаната пред нив, ќерка им, по движењето на шамичето во нејзината рака тој знаеше дека, конечно, жена му плаче од среќа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега барем би работел по слободна волја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Земјата ја има таа слободна волја да одлучи дали да ми се гади или не.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)