сличен (прид.) - нешто (имн.)

И до неодамна слични нешта се случуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бидејќи таа потреба луѓето меѓусебно не си ја задоволуваат, тие ги измислиле песните, романите, сликите, музиката и други слични нешта кои се поинаков привид на непосредно извадените заби-зборови кои толку многу на луѓето им требаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За време на кино проекциите во салите масовно се грицкало семки и слични нешта, а лушпите ги плукале пред нозете или во тилот на оние што седеле пред нив, се разбира, ако за истите не располагале со податоци кои ги откриваат како активни членови на боксерски клуб со назив „Младост“ или на борачки со назив „Балканец“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На некои дури е напишано на англиски: „За Бреза, со љубов”, или „Многу поздрави за Ведан” и слични нешта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога потоа ги гледам тие артисти во некој филм на телевизија не можам да сфатам дека навистина тоа со своја рака го напишале специјално за нас и често ја гњавам мајка ми да ми раскажува кој од нив каков е во живо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во секој случај истиот тој ден но вечерта Иван самиот ми призна дека Даскалов му подрекол некои слични нешта, веројатно настојувајќи да пронајде оправдувачки околности во врска со исчезнувањето на неоткриениот татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Јас сметам дека е мал бројот на мажите што се спремни да го напуштат детето и мајката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тие денови се прекина наставата и сите слични нешта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Колкупати бевме решени да не го прашуваме за слични нешта, но никогаш не си достојувавме на зборот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Полирањето и сличните нешта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)