слеп (прид.) - маж (имн.)

Хера започна да му става до знаење на нејзиниот слеп маж дека имаат уште еден член во семејството кој им помага во работата, кој се грижи за Пансионот како и таа, дека е добар и има добра душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А таа, како родена повторно, не можеше да си прости што толку време му била верна и приврзана на слепиот маж не гледајќи дека животот и младоста ѝ бегаа и дека се ронат низ прстите годините преправајќи се дека сето тоа таа нормално го прима и доживува, прилагодувајќи ѝ се на судбината да живее со слеп маж и молејќи му се на бога да му го врати видот, да им го врати оној среќен живот што го имаа пред неговото ослепување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А ако пак Богдана го жртвува обвинувајќи го него дека тој го отрул, како соперник, за да се оспободи од него и тој да ја преземе исцело улогата на маж и газда, тогаш таа ослободена од сомневањето, се ослободува и од слепиот маж и од Богдана; продолжува живот со друг маж и го наследува Пансионот како законска жена на Вајс.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А можеби таа идеа сега ѝ се јавила за да не го изгуби Богдана кој сè повеќе не можеше да ги поднесува тие сцени и закани на нејзиниот слеп маж, но и за да не го изгуби Пансионот ако го напушти да живее со Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)