слеп (прид.) - куче (имн.)

Дури ни коренот во длабочина не ќе ѝ избега на кобата. Сеедно, доаѓала пролетта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или ќе го фрлаат по река за да го однесе водата. Како слепо куче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А беше безнадежен случај, што се вели, ко слепо куче оставено да пцовиса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На главата носеше црвен фес од скапоцена чоја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но игуменијата не била руменолика девојка да ѝ се радува и да се кити со кукурек и јаглики: доаѓа време кога јаболкниците ќе бидат нападнати од гасеници, а компирот од кртови и слепи кучиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Брза кучка, слепи кучиња! - одговори коџобашијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)