Од Витгенштајновата гледна точка и поимот на смислата која ја трансцендира употребата и повикувањето на едно интенционалистичко објаснување на разбирањето на говорникот се длабоко несродни.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Овој вид гледиште, општо речено. е фрегеовски; тој се сведува на исказот дека она што на изразите им дава смисла го трансцендира тоа што за нивната употреба го знаат говорниците.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
За Витгенштајн врската помеѓу двете тези е мошне тесна и функционира на следниов начин: доколку се прифати интенционалистичкото објаснување на разбирањето на говорникот, со тоа се прифаќа и дека сфаќањето на еден израз може да биде интернализацијата на една објективна смисла, нешто фиксирано со помош на услови кои се независни од праксата на говорникот и согласноста на заедницата.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Фрегеовската идеја може да се изложи на следниот начин: со цел смислата на изразите да им биде јавно достапна на сите говорници на јазикот, тие мораат да бидат определени, и според тоа, не можат да се состојат во она што индивидуалните говорници субјективно го подразбираат под нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тој проблем со вишак мушкарци го решаваат на следниот начин.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Еден друг важен дијалог во филмот се одвива на следниов начин: “Ја гледам најсмелата и блескава иднина пред нас”; “Јас пак ја гледам најсмелата и опасна иднина пред нас”; “гледам слава”; “јас пак гледам бесчастие”; “го гледам падот на нашите непријатели... го гледам задоволството на нашите непријатели... ќе бидеме богати... ќе бидеме кутри... среќата ќе биде моја... бедата ќе биде твоја... ќе имам злато... ќе имаш смрт...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во Борхесовата “Небеска продавница на корисно знаење” животните се поделени на следниов начин: 1) оние што му припаѓаат на Царот, 2) балсамирани, 3) дресирани, 4) прасенца, 5) сирени, 6) фантастични, 7) кучиња пуштени од ланец, 8) оние вклучени во оваа класификација, 9) оние што скокаат како луди, 10) безбројни, 11) нацртани со фино четче од камилско влакно, 12) и така натаму, 13) оние што штотуку ја скршиле стомната, и 14) оние што од далечина изгледаат како муви.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бодлер, којшто очигледно повеќе пати го доживеал тоа искуство, го опишал во Поемата за хашиш на следнов начин: „понекогаш се случува личноста да исчезне и објективноста во вас да се развие така неприродно што посматрајќи ги предметите од надворешниот свет, заборавате дека и самите постоите и наскоро се стопувате во нив.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Секое такво страдање секогаш е, како вистински настан, ограничено на сегашноста; значи, тоа е само минливо и затоа не е премногу тешко; преголемо станува само тогаш кога прераснало во трајна болка; но како такво, тоа сепак не е ништо друго освен мисла и затоа лежи во помнењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Тоа што силното духовно страдање, неочекуваните и стравични настани често предизвикуваат лудило – тоа јас си го објаснувам на следниов начин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа што ја прочитав Вашата приказна е вистинско чудо, а чудото се случи на следниов начин.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И ја заборавив таму, бидејќи џебовите се најдоброто место за заборавање на нештата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Психолошкото значење на боите Јунг го објаснува на следниов начин: “...за време на асимилирањето на потсвесното личноста минува низ многу трансформации кои потсвеста ја прикажуваат во различна светлина и кои се придружувани со расположенија што непрекинато се менуваат.”
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во овој момент треба да се спомене дека ваквото изложување на боите (cauda pavonis, паунова опашка) на Посветеникот му ја најавува непосредно претстоечката синтеза на сите одлики и елементи што се соединети во Каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Значи тие ограничувања нѐ принудуваат на некаква форма на комплетност. [...] Сега, Геделовата теорема може да се сфати на следниот начин: ако нашите (човечките) акции во некоја смисла ја опфаќаат комплетната логика, тогаш таа логика мора да е неконзистентна.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
На друго место, прашината се користи како средство за мерење време, некој вид клепсидра, опишана на следниов начин: „Внатрешноста на чашата треба да се премачка со лак или сапун, 14 Margina #3 [1994] | okno.mk така да прашината, паѓајќи од решетката за гипс, да може да „легне” и да го обележи местото што ќе го допре; на тој начин ќе видите и ќе можете егзактно да утврдите до која висина допрела прашината, бидејќи ќе остане залепена.”
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Смерниците на дизајнот Постмодернистичкото барање за промена на парадигмите во дизајнот би можело да се окарактеризира на следниов начин:
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таа напнатост помеѓу есенцијалистичкото и конструктивистичкото гледање кон национализмот Ernest Gellner ја изразува на следниов начин: „Голем, но важечки парадокс е следново: нациите можат да се објаснат само со поимите од времето на национализмот, значи, обратно од она што би можело да се очекува. ‘Времето на национализмот’ не е Маргина 36 11 само збирштина од будења или само-освестувања на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Национализмот е барање волјата на заедницата E. Renan, What is a Nation, задолжително да добие форма на суверена држава. Ernest цитат во: Homi K. Bhabha, Renan, еден од главните мислители на национализмот, „Dissemination Time, narra- тоа го искажува на следниов начин: „Егзистенцијата на tive and the margins of the една нација е, ако ја допуштите метафората, секојдневен modern nation” во: The Loca- плебисцит, токму како што егзистенцијата на поединецот tion of Culture, London and е непрекината афирмација на животот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Од овие, најголема дискусија кај синдикатите, се чини со право, поради својата двосмисленост, предизвика првонаведенава законска дефиниција, којашто работното време го определува на следниов начин – тоа е „секој период (!?) во кој работникот работи и е на располагање на работодавачот, за извршување на работите и работните задачи, согласно со закон“ (чл. 1, ЗРО/окт.09). 24 2.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тоа го утврди на следниот начин: ја исуши најотровната печурка пантерка, ја сомле и правот го измеша со шеќер и им го даде на неколку пчели да го јадат. Пчелите угинаа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Крилцата се конзумираат уз мацање у разни дипови (умаци) и тупо буљење у пеесте телевизори што се поделени на следниов начин. На триеспет има хокеј, на десет безбол и на пет – карлинг.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
У овој град, местата кaде што може човек на раат да кулира се поделени на следниот начин: - Кафе на трчање...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Сепак, најблиските и најсрдечни комшиски односи се изразуваат на следниот начин...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Овој проблем беше забележан од извесен број автори.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од нив се состои добар дел од дистинктивниот вокабулар на деконструкцијата: supplement, hymen, parergon, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Резултатот од втората фаза е многу понов.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Вуд (13, p. 225), на пример, јадровито го искажува тоа на следниов начин:”Проблемот на Дерида е да го каже она што го подразбира без да го подразбира она што го кажува”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од деконструкцијата се очекува да го подрие текстот на следниов начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога Кратил би имал право, овој проток на значења би ги лишил И неговите сопствени тврдења од каква И да било одредена смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
82 Карактеристиките на јавниот простор може да се сумираат на следниот начин: - се дефинира преку процес на исклучување (според раса, род, класа, сексуалност, возраст, попреченост) - структуиран е и ограничен со закон (и сѐ понагласено се регулира и е под полициска контрола) - претставува подрачје за политичко делување (место на протест на работниците, за правата на жените, сексуалните слободи, расната еднаквост) - служи како церемонијална сцена за државата да ја покажува својата моќ - служи како место за собирање, простор за социјализација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Од друга страна, јавниот простор е нагласено материјален, тој е стварна локација, место „тлото врз кое и од кое тече стварна политичка акција“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Дерида го наведува Бенјамин на следниов начин: Бидејќи, исто како што фрагментите на амфората, доколку некој може да ја реконструира целината, мора да се поклопуваат до најситни детали, но не се неидентични, така преводот, наместо да се приближува до значењето на оригиналот, попрво, со љубов во полна живост, го пренесува во сопствениот јазик модусот на интенција на оригиналот: на тој начин, така како што остатоците се препознаваат како фрагменти на иста амфора, оригиналот и преводот се препознаваат како фрагменти на еден поопфатен јазик.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Дерида со цитати и вметнувања, го објаснува своето читање на Бенјамин на следниов начин: Токму како што манифестациите на животот се интимно поврзани со живеењето, без нешто нему да му значат, така преводот проилегува од оригиналот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)