Понекогаш така, кога веќе не сакам да преживувам, одлучувам дека следниот месец наместо леб и млеко ќе купам бензин и ќе се запалам на главниот загребски плоштад како Jan Palach.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Зад мојот грб собата во која ќе ги поминувам деновите, односно ноќите, зошто во следните месеци не ќе имам многу слободно време за одмор.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
- Знаеш тато, следниот месец со планинарите одиме во Грција. Ќе го освојуваме Олимп.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во почетокот на есента најдов работа во една агенција, подобро ќе беше да не најдев, да знаев што сè ќе се случува следните месеци.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ако го најдеш да го купиш, а ако не ти остануваше следниот месец да си ја пробаш среќата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Следната вечер,свиревме заедно, а следниот месец, со парите заработени од свирките, појдовме со велосипеди на патувањето низ широката Велика Британија...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но, за разлика од некои други малечки држави, во кои што на уметниците им се даваат дипломатски пасоши, во Македонија во „аферата прислушкување“ меѓу шпионираните немаше ниеден уметник, ниеден писател.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Вашите авторизирани писмени извештаи ќе бидат примени, со почетокот на следниот месец, на нашите пунктови низ Градот.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Земанек се согласи и ние следните месеци редовно со газдата одевме на тренинг.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Платата ќе ти тече од следниот месец!
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
22. До денес (март 2010) не е донесен закон кој ја регулира материјата за т.н. „најниска плата“, а оваа материја не е регулирана ниту со Општиот колективен договор за 32 која гарантираше исплата на плати и тогаш кога средствата за лични доходи и заедничка потрошувачка на организацијата и средствата од резервите не се доволни за целосно измирување на загарантираниот личен доход – и тоа преку користење на позајмица од фондот за заеднички резерви на општината, Републичкиот фонд за заеднички резерви, општинскиот и републичкиот буџет (чл. 35, ЗРО/90) – при што исплатата, по барање на работодавецот, ја вршеше тогашната Служба за општествено- книговодствени работи, денес позната како Управа за јавни приходи; б) во 1995 беше укината одредбата дека платите се исплаќаат најдоцна до 15-ти следниот месец (чл. 1, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Едно попладне на крајот од тоа лето, Сара ме праша: „Зошто Зигмунд повеќе не доаѓа овде?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Следниот месец тој се пресели во една собичка во Виенската болница, во која веќе беше вработен, а еден месец потоа, на денот кога Марта наполни дваесет и една година, таа и Зигмунд се верија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во 2007 се одржаа само две рочиште, а по промената на судскиот совет, дури во октомври 2008, судот закажа ново рочиште на кое одново ја почна расправата, која заврши „експресно“ веќе следниот месец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Веднаш по приемот на писмено изработената пресуда – работодавачот, незадоволен од истата, поведе второстепена жалбена постапка, и предметот беше препратен на повисокиот 211 Апелационен суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во исто време, од раководството на НУЦК, на Митревски и на останатите работници им беше кажано дека тие не може да бидат вратени на старото работно место, бидејќи угостителската дејност на Центарот е згасната, па согласно тоа тие немаат никаква обврска да ги вратат на работа. 63
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4 По ова, предметот е даден на вешто лице – градежен инженер (В.Шиков) со цел да ги утврди спорните факти за носивоста на камионот [во m3] во кој се превезувала наводно украдената песок. Тој тоа и го прави во својот изготвен наод и мислење, од февруари 2005.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судскиот спор, во којшто имаше и вештачење од стручно лице- економист (М. Начарова), траеше една година – за да во месец октомври 2003 судијката (В.Мојсова) донесе пресуда во корист на Кирова, која нејзе ѝ е доставена следниот месец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во септември 2007 Папазова, неможејќи да ги издржи условите за работа кои од дена на ден стануваа се понеподносливи, решава да си даде оставка т.е. поднесува барање за раскин на договорот за вработување (отказ даден од страна на работник) – за што работодавачот, следниот месец, своеволно, носи и посебно декларативно Решение бр. 03-48/3 за „доброволен престанок на работниот однос“ без отказен рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Веќе следниот месец, во октомври 2002, по многу претходни неуспешни обиди да се разубеди раководството, Кирова – поддржана, а подоцна и застапувана пред судот од нејзина блиска роднина дипломиран правник (М. Мишковска), вработена во општинскиот 141 синдикат Велес – покренува судски спор пред тамошниот Основен суд како стварно и месно надлежен првостепен судски орган.7
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конечно, во мај 2010, судскиот совет (во состав: Љ.Нешкоски – претседател и П. Јадровска и А. Настевска – членови), со пресуда која е доставена следниот месец – кога всушност таа стана и извршна, ја одбива жалбата на работодавачот како неоснована и ја потврдува првичната пресуда во корист на Ф.И. (освен во делот за каматата, кадешто повисокиот суд интервенираше по службена должност – бидејќи, во меѓувреме, беа донесени законски измени кај ЗОО со коишто се воведоа новини при утврдувањето на каматните стапки).7
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пред Нова година, Митревски го потпишува решението за технолошки вишок, а веќе следниот месец, во јануари 2007, му е исплатена и испратнина – во висина од околу 57.000 МКД (935 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако, во рамки на аптеката имаше основано и синдикат на ниво на работодавaч, во кој работниците уплатуваa месечна членарина – тој остана нем сведок на овие непосакувани случувања, коишто резултираа со тоа што над 90% од вработените „самоиницијативно“ ги напуштија своите дотогашни работни места!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој игнорантски однос и каприци- озноста на раководните кадри го предизвика нејзиниот оправдан гнев и беше главниот мотив таа да размислува за поднесување тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)