ќе бараш наслови за следните книги
Бесови песни, Лажна смрт, Плодни денови
поетите ќе ги распознаваш по интонацијата
а времињата и приликите според употребата
на заповедниот начин
карфиолот и модрите патлиџани ќе ги готвиш
без рецепти, така што да побудуваат носталгија
по домашно огниште и другите туѓи именки
сеедно по којпат, сега чекаш
- чекањето по дефиниција е бесконечно -
можноста да напишеш песна лебди во собата
како можност за љубов, како самовила
цела како јајце, како гром, како Господ цела
челото го збрчкуваш
пред карстната перспектива на иднината
и ги трошиш последните резерви надеж
- тебе речиси непотребни.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мислам дека мојата следна книга, која се вика Empty Words, ќе има многу изразено политичко чувство. Б: Ох, тоа е добро. К: На почетокот ја искажувам оваа вчудоневиденост пред престојните настани, а тогаш следното... тоа е вовед, а потоа првата вистинска статија е „Предавање за времето“, предговор за она, знаете веќе што?
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Колку ќе бидат успешни, ќе покаже следната книга.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во текот на наредните години со успех ги објавува следните книги: Feerie pour une autre fois (1952), Normance (1954), En- tretiens avec le professeur Y. (1955), D’un chateau l’autre (1957), Ballets sans musique, sans personne, sans rien (1959) и Nord (1960).
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Од книга во книга, вие на еден мошне посебен начин ги претставувате настаните и навраќањата кон нив што придонесува трите книги меѓусебно да се дополнуваат и дообјаснуваат, а верувам дека истото ќе важи и за следните книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)