следен (прид.) - болка (имн.)

Во човечкиот живот доаѓаат многу болки, некои си одат, некои остануваат со нас сѐ до смртта, но само онаа прва болка е вистинската, сите останати болат преку неа, секоја следна болка е доволно силна само доколку ѝ се приближи на онаа првата, доколку има нешто сродно со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојата болка имаше име; мојата болка која беше сочувана во моите први сеќавања, на која се надоврзаа сите подоцнежни болки, го имаше името на мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)