сладок (прид.) - мирис (имн.)

Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Авантури што го одземаат здивот, непознати брегови, далечни светилници, сино небо, слатки мириси на мед и јасмин, почеток на нови задоволства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Без ироничен занес го гледам секој метар од патот што го изодев, центарот на светот е далеку, а јас во таа потрага тргнав низ невремето на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
2. Потоа лесно ни беше да ја допреме длабочината, дното и сѐ што се криеше во слаткиот мирис на водата.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)