Од некоја причина, тој секогаш си замислуваше дека виното има интензивно сладок вкус, како вкусот на џем од капини и непосредно опијанувачко дејство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Големиот везир Нуман Ќуприли, само неколку дена пред својата пропаст, ќе ја прими горката баклава.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зад слаткиот вкус на баклавата ќе се крие горчината на комплотот, сарајските игри.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нејзината горчина ќе се почувствува во многу настани од историјата на царството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Баклавата во долговечното владеење на Османското Царство немаше само сладок вкус.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Раскажуваше приказни со сладок вкус кои ја топлеа душата кога од селска стана градска, а пееше како славеј една песна за гугутката што им ја остави во наследство, со аманет да ја пеат по слави и свадби.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
— Знају, знају, вели со некој сладок вкус во устата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Исправен, горд и посветен на службата, облечен во сјајните високосвештенички облеки, со крстот и двете панагли на градите и црната пана-камилавка, го потсетуваше на оние денови кога ист таков, застануваше пред германските команданти им делеше лекции од највисока, сега му се чинеше дури небесна етика. За митрополитот Хрисостом пак, градоначалникот Лука Карер беше олицетворение на моралот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во своите нови молитви, духовникот се заблагодаруваше за неповторениот божји дар, од името на сите спасени, завршувајќи ги молитвата со зборовите: „Твојот слуга Хрисостом од длабочината на душата Ти благодари што Го почести да го почувствува слаткиот вкус на победата на Доблеста над секоја овоземна припадност”. Во свеченостите на островот, владиката и градоначалникот учествуваа години потоа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)