слаб (прид.) - утеха (имн.)

Затнатите јајцеводи и надежта дека истиот проблем може да се реши, беа слаба утеха за Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Барем го вратив онаму, од каде што беше тргнат, мислеше, барем го натерав да се врати во својата стара шума. Беше слаба утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малку се израдува, кога виде како прокапаа капавиците од неговата стреа, но уште веднаш потоа виде дека и тоа беше само една слаба утеха, и дека беше потребна една многу посилна топлина, еден многу посилен замав на јужниот ветер, за да може да биде размекнат сиот оној дебел мраз, што го чуваше врзан во себе целиот свет, и што му ја скаменуваше и неговата мртва пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)