слаб (прид.) - светлост (имн.)

Го потпирав челото на тупаници и пак бев во собата под слабата светлост и меѓу сенки кога влезе Борис Калпак, поточно тој веќе беше во собата кога се тргнав од чинките на мртвите за кои не запаливме ни половина свеќа во некоја црква.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На кулата светкаше слаба светлост од едно прозорче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пред тоа испив голтка вино од жудливо грозје што го раѓа од песок Македониичкава, ме натера домаќинот да го сторам тоа, го опијанив срцето и појдов во длабочините на животот да ги поздравам оние што не се веќе мртви и да им раскажам како почна највозбудливиот ден на овој свет: ја видов 'рженокоса, пораснав, треската што ме мачеше изгоре од огнот на крвта премногу зовриена за да не знае што се случува во шеснаесеттата година.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
При слабата светлост не можеле да видат дали чудесниот цвет во окото на животното свенал, само знаеле дека едниот рог се замрзнал со врвот в земја и дека нозете останале неподвижни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден од треварите, постариот, и некои двајца, калуѓерски долговратиот Лазар Аргиров и кашличавиот Осип Сечковски, веќе ја кршеле со секири колата на Дмитар-Пејко, кога пред нив како куп ѕвезди ќе блесне оган да нафрлаат врз зажареноста пресно месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Саше се доближи за да го прочита напишаното и со љубопитство се загледа во нацртаната Марија со дете во прегратката, осветлена од слабата светлост на оганчето во масло.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ги преврзувале при слаба светлост на запален куп смреки и габерови гранки и ги храбреле низ ѕвечави заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кркорливо офкале, барале утеха, помош, капка вода или исцелителски допир на семоќна рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)