слаб (прид.) - светлина (имн.)

Уште е темно, само од другата соба слаба светлина проникнува низ подотворената врата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во чашите тоа беше матно на слабата светлина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Надвор беше веќе арно смрачено. Низ џамлак слабата светлина се излеваше на улица и водата в бразда светкаше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Жолтеникавата слаба светлина нивните силуети ги обвива во уште побизарна постановка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Подалеку, осветлени од слабата светлина на светилките немо стрчеа осамените мостови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На крајот на ова измачувачко исчекување, слабата светлина беше пресечена од темната силуета која како следен плен полека легна крај неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Црната брада му го нагласуваше ликот како на дух, и слабата светлина на неговте очи сега личеше на слепило, тие сега се губеа многу подлабоко под густите веѓи. Личеше на преправен човек со маска.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше мрак, а слабата светлина од колибата не допираше до нив, па Бојан не им ги виде лицата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— На слаба светлина ме гледаш, му велам и му ја туркам раката откај мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во следните неколку броеви ќе имате шанса да се сретнете со дел од комплексното и во рамките на литературата стилски прилично разнородното творештво на Пандалф Вулкански, човекот што се крие во самите структури на траките-маргини од неон што пробиваат до вашите полузаспани очи во овој гангстерски хотел од слаби светлини и цитати.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Слабата светлина што пробиваше низ отворчето на ќумбенцето го бркаше сонот од нејзините очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мурџо ја крева главата и ја гледа зачудено или така ѝ се чини нејзе поради слабата светлина што капе од сијалицата врз вратата?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И откако го истресува гостинот од снегот како што се тресе нежно дрвце в бавча, се свртува Танаско и на слабата светлина го забележува вчудовиденото лице на Пелагија и како што ја открива неа и потаму крупната снага на Чана, така и гласот му папсува Скап гостин,Пено мори, скап гостин дур уд Вујвудина, уд Гакову...
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вечерта, додека вечераа под слабата светлина во одајчето Чана прво го искара Дончо дека иако има сила и снага на големо дете, не треба да заборава дека е во седмата и дека оваа есен ќе треба, заедно со Пела на Пелагија, да појдат на школо и таму, седејќи на кареклите, да го учат животот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Надвор дуваше ветер. Слабата светлина од борината ставена во еден тас над огништето, одвај успеваше да ја осветли одајата некаде до половината, така што снаата ја криеше мракот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мојот братучед во квечерините ја симнуваше планината на своите плеќи и лежејќи на сламарникот со лицето нагоре врз кој само што не паднале налепените весници од таванот и оти во мислите бегаше до долното предградие каде што фодулка ја доеше малечката со козјо млеко и оти со очите сакаше да го продупчи таванот и бетонот и да стигне дури до лешочките шуми кај својата марија и оти и којзнае дали знаеше дека седам на штицата спроти него со нозе во меката коса што ја отсекле ножиците на нанчо од главите на бегалците тој напати мласнуваше скрцкуваше со забите како да дроби нешто и не слушајќи дека го прашувам дали нешто знае за оние од брегот на реката ама затоа пак ме слуша нанчо кој се врти околу една жолта тиква од која одлупува портокалови шлупки и вели ах оние мајмуни оној стар прч везден што молчи оној со долгиот врат кој како да му е врзан за половината и она детуле со 60 okno.mk бела коса што везден му седи на рамењата да вели нанчо ги знам како не ќе сум ги знаел сите ги знаат оти везден се прпелкаат во песокот и долу во косата паѓа уште една портокалова шлупка и продолжува нанчо живеат откаршија на она коматче бетонска плоча што стигнува до ќошот и се имаат заградено со црна книга скинати вреќи и ламарина и молкна а продолжи само неговото штрак штрак штрак и жолтата глава веќе не беше жолта туку којзнае каква со голем трап по средината на вратот и трапот се качуваше до врвот на главата и додека помислив дека таа глава ќе почне да вреска оти е така страшно нагрдена нанчо помина со малечка метла преку неа по вратот и рамењата и од столот стана една голема снага ги исклешти забите во мене и во братучедот кој веќе пушташе писки низ носот сполајти му рече на нанчо спуштајќи му книжна пара во раката па одвај успеа да се протурка низ малечката врата и додека вратата беше отворена во слабата светлина на денот што си заминуваше привидов нешто како голем сандак обесен под најгорната плоча и една дебела ортома што се спушташе дури до земја ете таму живеат вели нанчо и дебелана ортома што ја гледаш ама не дорече оти братучедот се беше степал со некого во сонот па мавтајќи со рацете скокна од сламарникот рече бре да така вие со мене и после не сакаше да каже кој му се пикнал во дремката истрча од одајчето на нанчо истрча во крајот на денот а по него и јас и се вративме зад насипот да ја преспиеме ноќта врз најгорната плоча под самиот опул на ѕвездите
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Понекогаш ќе се наведнеше и ќе подигнеше некој лист за да ги разгледува неговите жилички, под слабата светлина од ретките улични светилки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)