слаб (прид.) - светилка (имн.)

Светлоста од слабата светилка не се одразуваше во неговите мртви очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Врз огледалото во кои си ги гледаа суратите кутрите Егејци додека Нанчо ги лупеше со машината, навечер мижуркаше слаба светилка, ама за мене беше добра за да поднаучам уште нешто кога немаше муштерии.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Далеку треперат слабите светилки на градот. Сепак не се толку слаби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го праша еден од работниците својот сосед, којшто се мачеше на слабата светилка на огнот, да вдене дебел конопен конец во тенка игла.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)