Доста полека полека се спушти на неа, го прибра коритцето под глава, се понамести и ги фрли очите под огниште, од каде што идеше слабиот глас од новиот човек.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Винстон успеа доволно да се прибере за да проговори. „Не можете“ рече со слаб глас.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Брат му го забележа тоа; се заджа да не ја прати во неврат својата стрпливост. „Една стрнка моли за прием, другар началник“, понизно рече девојката со толку слаб глас што изгледаше дека говори од зад некој ѕид. „Нека причека“, рече брат му и ги собра актите во фиока.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но кога виде дека умира завеана, смрзната во снегот, се довлечка до куќичката на Буба и со слаб глас повика: - Помош, помогнете ми...
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Кара-Демир застенкува со слаб глас, потоа веќе ништо не се слуша.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Попот не ги слушнал, ни грмотевиците ни слабиот глас на тој до него.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Спире“, со слаб глас се трга еден од згрченост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Еј“, рече слаб глас, женствен, од некаде зад моето десно рамо, „вие, каубојци, очигледно не се забавувате“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Нестварни беа слабите гласови на децата, тие го молеа Кејтеновиот син да падне.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се наведнаа да видат подобро и просто не им се веруваше: па тоа беа две сосема малечки кутренца, малечки - речиси колку нивната дланка, кутренца со одвај отворени очиња, гладни, измрзнати, кутренца што цимолеа со слаб глас.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
„И омразата. И омразата. Таа е опачина на љубовта“, втасува до мене слабиот глас на Привидот од пред Театарот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)