Насмевката ќе остане да го отвори ковертот На моите скриени желби Твоите ветрови ќе уриваат во тесните одаи На моето почивалиште, оставајќи ја последната ружа Но, мирисот ќе остане во твоите прегратки вечно.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Неговата скриена желба веќе стоеше на тацна. Требаше само да ја пружи раката.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не, не го негирам големиот Фројд кој за сонот рече дека е пресликана секвенца од нашето јаве изразено преку нашите скриени желби.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Томо кој ја разбираше скриената желба на Рада, нејзината среќа ја сподели со тоа што ја крена до висината на своите усни вртејќи ја како рингишпил околу себе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Завидливост помешана со посесивно сакање, а во основа скриена желба за поседување нечија постојана наклоност.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Осаменоста никогаш нема да те престигне, скриените желби говорат во тебе...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)