Во месец октомври 1946 година е склучен договор за соработка меѓу НОФ на Македонците од Егејска Македонија и Комунистичката партија на Грција.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така, со овој закон е предвидено дека за да може да биде упатен еден работник за извршување на градежни и други сезонски работи во други држави, во случај кога упатувањето се врши преку проектни договори потребно е да има склучен договор помеѓу РМ и земјата во која работникот ќе ги извршува работите како и договор за вработување склучен помеѓу работодавачот кој го ангажира работникот и самиот работник. (чл. 2) Упатувањето на работниците се врши така што работодавачот којшто има потреба да ангажира работници претходно доставува конкретна потреба од работници до министерството надлежно за работите од областа на трудот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Согласно измените освен пријавата на работникот во задолжително социјално осигурување, работодавачот до Агенцијата треба да поднесе ППР образец и овластување на овластено лице на кое се наведени лицата кое тоа ги пријавува, а кое треба да ги содржи нивните имиња, презимиња, ЕМБГ, бројот на договорот за вработување и датумот на кој е склучен договорот (чл. 1 од ЗИДЗРО/фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Конкретно, со измената и дополнувањето од 2008 година парични- те казни за агенциите за привремени вработувања се зголемуваат од 100.000 до 200.000 (околу 1.600 до 3.600 евра) на 2.000 до 4.000 евра ако ги прекршат одредбите од член 18, односно: ако го прекршат склучениот договор за отстапување на работникот помеѓу агенцијата и друг работодавач и договорот за вработување склучен меѓу агенцијата и работникот кој се отстапува на друг работодавач за замена на привремено отсутен работник; доколку не се формирани според критериумите пропишани во законот; доколку почнат со работа без дозвола или вршат работа за привремено вработување надвор од земјата; доколку склучуваат договори за вработување над бројот на договорите за кои е издадена лиценцата; доколку платата на отстапениот работникот е помала кај работодавачот корисник на истите работи; доколку бараат надоместок за услугите од лицата кои ги вработува итн.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
2. Договорот за вработување [кој порано се викаше „договор за работа“] има две подеднакво релевантни варијанти при склучувањето: прво – тој може да се склучи за време чие траење однапред не е определено – во којшто случај станува збор за работен однос на неопределено време; и второ – да се склучи за време чие траење однапред е одредено – при што, тогаш станува збор за работен однос на определено време (чл. 14, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Договорот за вработување се склучува во писмена форма и се чува во работните простории на работодавачот каде што работи работникот, а примерок од склучениот договор му се врачува на работникот – и тоа на денот на потпишувањето (чл. 15, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Така, во периодот од јуни 2005 до февруари 2007, кога и престанува да се применува оваа мерка, работода- вачот на работниците им запираше определен износ од платата, а во поголемиот дел од овој период им запираше износи според т.н. „негативен стимул“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
6. Да е оспособен за вршење на обезбедување на лица и имот и да има положено стручен испит за вршење работи на обезбедување на лица и имот [оваа одредба не се однесува на лицата кои најмалку три години извршувале работи и задачи од точката 5 на овој член] (чл. 8, ЗОЛИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот е должен да обезбеди ниеден работник да не биде жртва на вознемирување и/или полово вознемирување (чл. 43, ЗРО). 6. Структурата на договорот за вработување е законски регулирана, и тој особено треба да содржи: 1) податоци за договорните страни, нивното живеалиште, односно седиште; 2) датум на стапување на работа; 3) назив на работното место, односно податоци за видот на работата за којашто работникот го склучува договорот, со краток опис на работата што ќе ја врши; 4) место на вршење на работата – а ако не е наведено точното место, се смета дека работникот ја врши работата во седиштето на работодавачот; 5) време на траење на работниот однос – кога е склучен договор за определено време; 6) одредба за тоа дали се работи за работен однос со полно или пократко работно време; 7) одредба за дневно или неделно редовно работно време и распоредување на работното време; 8) одредба за висината на основната плата, која му припаѓа на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договорот за вработување; 9) одредба за другите надоместоци кои му припаѓаат на работникот за вршење на работата според закон и колективен договор; 10) одредба за годишниот одмор, односно начинот за определување на годишниот одмор и 11) наведување на општите акти на работодавачот во кои се определени условите на работа на работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Најчестата злоупотреба во сферата на трудовото право кај нас е тоа што огромен број лица кои de facto се „работници“ de iure немаат склучено договор за вработување (кој е регулиран во ЗРО) туку ваков договор за дело (кој, пак, е регулиран во ЗОО) – па, бидејќи тоа им е поевтина варијанта на работодавачите, овие т.н. „хонорарци“ не ги уживаат правата кои би ги имале како „вработени“ лица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Глоба во износ од 15.000 ЕУР во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на работодавач – правно лице, ако: – не е склучен договор за вработување меѓу работникот и работодавачот, 292 работодавачот не го пријавил работникот во задолжително пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност пред стапувањето на работникот на работа, договорот за вработување не е склучен во писмена форма, не се чува во работните простории на работодавачот каде што работи работникот и не му е врачен примерок од договорот за вработување на работникот (чл. 264, ст.1, ал.2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На овој начин, работодавачот грубо ги кршеше склучените договори за работа и на незаконски начин вршеше намалување на платите на работниците (вклучително и на платата на Лозановски) – при што одговорноста за ненаплаќањето на услугите ја префрли на грб на вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот е должен да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот, како и да води сметка и да ја штити приватноста на работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)