Патем, културната и цивилизациска баштина не стои скаменета во времето туку во екстериторијалната стварност.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тоа е она малку (или многу) што го смисли Правејќи ги внимателно чекорите наназад Човекот кој стоеше скаменет во огледалото Или Оној другион, кој веруваше дека заминал И исчезнал како конец во довршен гоблен…
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Пајакот уште е скаменет во својата мрежа но на сивиот ѕид ја нема трепетливата сенка на пеперугата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Стоеше така како скаменет во прегратките на Богуле, се дури мајка му не го тргна и не му рече жулкајќи го по главата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Онака, бел од брашно, изгледаше дека одамна така стои и самиот скаменет во оваа дива, немила природа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Застана крај отворениот прозорец и се загледа со влажен и набожен поглед во ноќта: куќните покриви беа подвиткани `рбети на џиновски мачки, скаменети во своето вечно демнење.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се фатив за некој исушен корен и притаено гледав тие црни сеништа стапка по стапка како ми се приближуваат вртејќи се околу себе, скокајќи кон ѕвездите, гребејќи и нуркајќи в земи, сѐ дури одново тоа грозно завивање не ми го скрши сонот и ме разбуди со меч со кој на крајот замавнав и на себеси За да се најдам скаменет во прекрасна болка - Скршен меѓу усамата и раната.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)