ситен (прид.) - како (прил.)

Таа имаше интересна, чудна глава, која, колку што ја гледаше Илко, толку почудна му стануваше, особено во профил: лицето и челото ѝ беа сплескани, издадени, налик на сечило од секира; носот шилест и издолжен како клун; очите ситни како мониста; веѓите тенки и споени; ушите мали, прилепени; усните заоблени, собрани како свирка. Зборуваше со шуштење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Трненката е грмушка висока до човечки бој, а широка како копа ( спореди: мома како копа), плодот ѝ е ситен како брбушка, колку модар уште повеќе кисел, кој се задржува на гранките и до зиме смалувајќи се и збрчкувајќи се како природно исушена и конзервирана јагурида.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Одненадеж слушнало силни удари во својот корен, човекот со чекан удирал силно, кршејќи ја карпата на ситни парчиња, ситни како песок, прашинки што испарувале од жештината на сонцето, враќајќи се назад во космосот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)