Утрото по битката, ја затекнува глутницата што се храни со мршите на поразените, прекриени со ситен снег; глетка од прасоздавањето на светот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А првата работа, што ја носеше веднаш по себе тој ситен снег, беше пак да ја стегне во своето пепелаво замрзнување, да ја зачкрети во сите пори на снегот и да ја скамени целата земја.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)