Беше отсутен, далеку со мислите, отсутен од ситните радости кои ги подготвуваше Мајка, за да го оттргне од внесеноста во големиот пат, во големите идеи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Набргу во зглобовите и во глуждовите почнаа да му се раѓаат и сите заборавени оловни кугли на болките од поминатите донови, потсетувајќи на сите изминати порази и растворувајќи ја неговата ситна радост со прекрасната утрина и со својата храброст како капка во море.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)