Еве го, во кафеаната „Боеми“, го испива стотиот вињак и вели: - Сигурен сум, сто насто нејзините три круга се всушност во полето на некојси малечок бермудски триаголник, каде што годините се ситен песок што налегнува по спрудовите на нејзините бадемасти очи и веднаш исчезнува без трага.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Со залепен фустан на нозете, јас се оддалечив, а потоа сама, по оној пат со расцутените бозје, и преку потокот што врвеше низ ситната песок, се вратив дома.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Едо имаше чувство дека телото му олеснува сведувајќи му се на пердув, чиниш сега беше оној момент кога пеперутките би можеле да го понесат својот кршкав лет, а потоа како истото тоа негово тело некаде длабоко одвнатре да му се дроби во ситен песок што се рони.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во бројни текстови тој ги објаснуваше корисностите што ги нуди таквото зазеленување на фасадите: 1. стеблата произведуваат кислород 2. подобрување на микроклиматските услови (во градот и становите), бидејќи се намалува острината на климатските промени (топло-ладно, влажно-суво итн.) 3. задржување на ситниот песок и сличните нечистотии 4. смалување на уличната бука 5. скриеност од надворешни погледи 6. сенка во топлите месеци, пропуштање на светлина во ладните (токму затоа „дрвата-потстанари“ се листопадни дрва, кои во зима оголуваат и овозможуваат поголем проток на светлина низ крошната) 7. можно е доаѓање на пеперутки и птици, значи радост при враќањето кон природата 8. симболично покажување на новиот однос кон природата - за разлика од кровните градини, „стеблата-подстанари“ се видливи и за минувачите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Слетавме на мала плажа со сосема бел и многу ситен песок. Како сол ситен и бел.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Да речам: колку е убаво река да тече сред град; да имаш плажа на дланка; ама не е убаво дека не нè оставаат да одиме на река; а кога бегаме велат дека сме непослушни и лоши деца; па и тоа да е точно, нека е така; кога ќе бидеме ние татковци, нема да им пречиме на нашите деца; ако сакаат, секој ден нека одат на Вардар; секако, тогаш ќе има убаво средена Градска плажа - со кабини за соблекување, со ситен песок за лежење, со киосци за сладолед - сè средено така што нашите деца нема да се плашат од витли; и сѐ така некакви штогодерии зборувавме, како што вели баба ми - ПАДНИСТАНИ.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И кога стигнавме, кога патот го изврвевме и тој се срони во најфина прашинка под нозете наши и се потроши, здогледавме рамна земја со ситен песок, пустина што се вика, и среде таа рамна земја – го видовме папокот на светот: планина гола, непошумена, гора соголена, висока до небото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)