Проклетници говори за грешници лузери, скотови, ветерници за сите маченици и штетници за ситни души и неверници
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Типот возеше џип и беше преполн со пари, но имаше непроценливо ситна душа.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Без ни малку достоинство го разлеваат изворот на лакомоста, среброљубието, алчноста, зависта, предавството, љубомората, прељубата, желбата за моќ и богатство, себичноста, зошто повеќе не знаат што сакаат, нивната суетност е нелагодност на умот, нестабилност и постојан немир, без чувство за осет зошто не знаат како да ја задоволат нивната ситна душичка и светот го претвараат во пеколен амбис.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)