ситен (прид.) - влакно (имн.)

Додека чираците му ги четкаа ситните влакненца од тилот и од ушите, берберот задоволно го гледаше делото на своите раце.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Им се исправаа ситните влакненца, им се подаваа и таму каде што никогаш ги немале.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Карнаварата испушташе црвени цветчиња со кои ги намамуваше инсектите: кога ќе ѝ слетаа на листенцата, го затвораше цветот и ги впиваше во себе, ги смукаше; сувоземната утрикуларија лисјата ги свиткуваше во вид на труба, на уста, и штом ќе влезеше некој инсект внатре - таа го затвораше како во стапица и го цицаше со своите ситни влакненца; водената утрикуларија испушташе тенок леплив меур на кој инсектите како на смола се лепеа останувајќи заробени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа имаше ситни влакненца на рацете, нокти, лузни и ситна бенка на десната пазува, сето тоа создадено на беспрекорен начин.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Прилегаа на нејаки птици затворени во кафез: ги поткреваат крилјата, гребат со ноктите, вртат со главите, но не знаат што им се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)