„Развесели не, разбуди го човечкото во нас, куме“, помоли Марко Проказник; изгледаше како што рече за него еднаш попот Георги Тушев или некој друг од селото, го скина првото копче од кошулата и со кренати раце побара од куциот музикант ситен вез.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А самиот текст потсетуваше на ситен вез, што би можел да се прочита само со лупа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ова откритие ме вознемири. Всушност ме вознемири фактот дека техниката на пишување ја имам видено некаде, но не можев да се сетам каде?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)