Одеше полеа осветлена до поткожа и тој виде многу ситни брчки околу нејзините очи и усни, ја виде крај човек по се сличен на неа и се сети на сите други што ги знаел, се сети и на втората Марија и претпостави дека не би имал топлина во својата крв ни за неа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кавгаџиите гледаа со закрвавени очи во агентот а тој го збираше челото во густи ситни брчки и држејќи ја раката во задниот џеб на панталоните стегнати во тврди тесни чизми ја клатеше ќелавата глава, тогаш покриена со сламен шешир.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Маре прво седна во креветот, потоа испуши една цигара на балконот, па долго стоеше пред огледалото и си го проучуваше лицето небаре туѓо, бришејќи ги сенките од шминката и ситните брчки околу очите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)