Со други зборови, тие секогаш очекуваат некој друг наместо нив да ја заврши работата и да се избори за нивните права – без притоа, ни малку самокритички, да се запрашаат: што секој од нас посебно и што сите ние заедно направивме за подобрување на катастрофалната состојба со работничките права во РМ?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оттука, капиталистите и политичарите многу добро ја знаат силата на синдикалното движење и затоа, на секаков можен начин, се трудат да ги одвратат работниците од вербата во постигнување успех по пат на чиста, неизвалкана и посветена синдикална борба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Односно, клучниот проблем е дека работниците, кои во ова себично време сосем ја изгубија меѓусебната почит и солидарност за туѓата мака и туѓото страдање – како да немаат сенс дека со истите проблеми во кои тие тонат, се соочуваат и најголемиот број од вработените во РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)