син (прид.) - добар (прид.)

Тоа што не успеваше да го каже со зборови, се обидуваше да го дополни со живите очи, со тие за нас постојани извори на сина добри­на.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но тука беше нашата мајка и нашата баба Русинка, таа достоинствена полничка старица, со долги белоруси коси, со позлатени прамени што ѝ паѓаа врз широкото чело, со густи веѓи и сини добри очи, која ја вардеше мајка ми од смртта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)