„Курвино семе“, за `ржа Отец Симеон, некако се одлепи од калта. „Курвино семе.“ Пред да потрча и да го стигне, ја виде како му се доближува со брзи, ситни чекори, обеспокоена, во сина светкава проѕирност и под сина јакуцка, ја виде како сон зад проретчениот дожд, зад тие светкави коси нишки и остана неподвижен забуцан колец.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)