Влезе градежник во сина униформа кому му зборуваше за вреќи со песок и цигли, цртајќи форми на железна ограда.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Имаа темно сини униформи, беа кратко истрижани и очигледно, барем некои од нив беа нестрпливи претседателот што побрзо да го потпише указот со кој што се откажува од својата функција и во име на воспоставување на јавниот ред и мир, целата власт му ја препушта на нивниот водач, генералот Стојан.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Една фигура во сина униформа доаѓаше по тротоарот, ни десет метри од него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Црвено лакираните нокти, посебно дотерани за оваа прилика, одлично пасуваа со сината униформа, со само една бела дамка на реверот, која наспроти првата асоцијација, беше од јогуртот во кој утрото го мацаше ѓеврекот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Со својот меч, сина униформа и црни чизми до колена редовно се појавуваше на годишниот марш на гардата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)